ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИЈА ВО ЕЗЕРО: Млад Македонец исчезна, потоа пронајден мртов по голема потрага!

МИСТЕРИЈА ВО ЕЗЕРО: Млад Македонец исчезна, потоа пронајден мртов по голема потрага!

Дваесет и тригодишен државјанин од Македонија, потекло од тетовското село Сараќино, е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, неколку дена откако бил пријавен за исчезнат, соопштуваат австриските медиуми.

Младиот човек живеел во местото Фаак ам Зе и бил сопственик на угостителски објект. Последен пат бил виден во понеделник попладне во подрачјето на Дроболах, по што неговото семејство веднаш пријавило исчезнување во полицијата.

По пријавата, започнала опсежна потрага во која биле вклучени полицијата, пожарникарските служби, спасувачите на вода, нуркачки тимови и полициски хеликоптер. Акцијата била засилена откако на брегот на езерото биле пронајдени негови лични предмети.

Во четврток вечерта, по околу 40 минути интензивно пребарување, нуркачите го откриле неговото тело на дното на езерото, по што потрагата била прекината.

Надлежните органи во Австрија наредија обдукција со цел да се утврдат точните околности и причината за смртта, а истрагата за случајот сè уште е во тек.