На 30 април 2026 година, во 08:55 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека 43-годишен маж од Кочани бил донесен во Итната медицинска помош со повреди од огнено оружје.
Според информациите од МВР, случајот бил поврзан со воздушна пушка. По укажаната првична помош, лицето било препратено во Клиничкиот центар во Штип.
Полицијата извршила увид, а надлежните служби преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.










