На 27.10.2025 во 13:21 часот, И.П. (51) од Скопје пријавил дека околу 11:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил насилно ограбен. Според полицијата, крадецот, кој бил во придружба на уште две лица, со употреба на физичка сила одзел пари од детето.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.















