ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВАЛАНДОВСКО: Маж ја нападнал сопругата, алкотестот покажал неверојатни промили

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВАЛАНДОВСКО: Маж ја нападнал сопругата, алкотестот покажал неверојатни промили

На 22 октомври 2026 година, во 15:50 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишиле од слобода 47-годишен жител на валандовско село.

Според пријавеното, истиот ден околу 14:00 часот, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 53-годишна сопруга. При преземањето на полициските мерки, кај мажот било измерено присуство од 2,32 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести