На 23 октомври 2026 година, околу 00:15 часот, во СВР Скопје, 19-годишниот Л.Д. од селото Стајковци, скопско, пријавил инцидент што се случил претходната вечер на неговото работно место.
Според пријавата, на 22 октомври, околу 22:45 часот, во казино на подрачјето на Гази Баба во Скопје, лицето С.С. му упатувало закани и се обидело да го нападне со остар предмет.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







