ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАРТНЕР ЈА НАПАДНАЛ, САКАЛ ДА Ѝ ГО ЗЕМЕ ТЕЛЕФОНОТ И ДА ЈА НАПАДНЕ МАЈКА Ѝ: Полицијата постапува по пријавата

ПАРТНЕР ЈА НАПАДНАЛ, САКАЛ ДА Ѝ ГО ЗЕМЕ ТЕЛЕФОНОТ И ДА ЈА НАПАДНЕ МАЈКА Ѝ: Полицијата постапува по пријавата

Два случаи на пријавено семејно насилство биле евидентирани на 22 октомври 2026 година, во Скопје и во Дебар, информираат од полицијата.

Во 15:00 часот, во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријавила дека во својот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 48-годишен партнер Д.С. од Скопје. Според пријавата, тој се обидел да ѝ го одземе мобилниот телефон, а потоа и да ја нападне нејзината мајка.

Во друг случај, во 05:15 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода 35-годишниот П.А. од Дебар. Тој бил приведен по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на двата настана ќе следуваат соодветни пријави.

Најнови вести