Двајца измамници се осомничени дека измамиле 24-годишна скопјанка за сума од 117.000 денари, ветувајќи ѝ дека ќе му помогнат на нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето што го користеле, а кое е во државна сопственост.
Случајот бил пријавен на 22 октомври 2026 година, во 14:00 часот, во СВР Скопје.
Според пријавеното, на 21 септември 2026 година жената се сретнала со две лица, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар. Тие ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат во постапката за откуп и приватизација на земјиштето што го користело нејзиното семејство.
Верувајќи во нивните ветувања, жената во неколку наврати му исплатила пари на едното лице, во вкупен износ од 117.000 денари.
Откако поминало извесно време, таа се обратила во Катастар за да добие информации за предметот. Таму ѝ било кажано дека лицето кое се претставило како нивен вработен веќе повеќе од две години не работи во институцијата. Тогаш жената сфатила дека била измамена.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.






