Триесет и тригодишна жена од Ресен се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патот Битола–Ресен, во близина на местото викано „Чешмите“.
Според информациите од полицијата, на 22 октомври 2026 година, во 07:17 часот, во СВР Битола било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „Фиат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната С.Р. од Ресен, и товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 64-годишниот З.Р. од Велес.
Во несреќата тешки телесни повреди добила возачката на „Фиатот“. Повредите биле констатирани во болницата во Битола.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Битола. Околностите под кои дошло до судирот ќе се утврдуваат во понатамошната постапка.






