На 22 октомври 2026 година, во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со 27-годишниот У.С. од Кавадарци.
Според информациите од полицијата, претходно 54-годишен жител на Кавадарци пријавил дека ја забележал својата малолетна ќерка со У.С. За него, како што е наведено во пријавата, постои судско решение со кое му е забрането да ја малтретира, вознемирува или на кој било начин да контактира со малолетничката.
За случајот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






