ПРВ.мк
Црна Хроника

КРШЕЊЕ СУДСКА ЗАБРАНА ВО КАВАДАРЦИ: Маж во алкохолизирана состојба ја вознемирувал поранечната партнерка - полицијата веднаш реагирала!

КРШЕЊЕ СУДСКА ЗАБРАНА ВО КАВАДАРЦИ: Маж во алкохолизирана состојба ја вознемирувал поранечната партнерка - полицијата веднаш реагирала!

На 22 октомври 2026 година, во 16:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 33-годишниот С.М. од Кавадарци.

Полицијата постапила по претходна пријава дека тој не го почитувал судското решение со кое му било забрането да ѝ се приближува на својата 35-годишна вонбрачна партнерка, да ја малтретира, вознемирува или да контактира со неа. Според пријавеното, тој ѝ испратил порака преку социјална мрежа, со што ја прекршил изречената забрана.

При преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека С.М. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести