ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВ ИНЦИДЕНТ: Жена го убила поранешното момче, братучетка и себе си!

КРВАВ ИНЦИДЕНТ: Жена го убила поранешното момче, братучетка и себе си!
Kristal

Во шокантен настан што се случи во близина на Приштина, 31-годишната Ардита Гаши го убила своето поранешно момче, тешко ја повредила својата 73-годишна братучетка, а потоа и самата им подлегнала на повредите.

Според извори од местото на настанот, Ардита Гаши го намамила Илаз Брахими (42) од Обилиќ да дојде во нејзината куќа, каде што пукала во него веднаш штом излегол од возилото. Несреќниот маж починал на лице место.

Братучетката Мирадија Гаши (73) ја слушнала стрелбата и излегла да види што се случува, по што била тешко повредена. Ардита се забарикадирала во куќата и заканувала дека ќе ги нападне сите што ќе се приближат, а потоа во еден момент се застрелала.

Полициските екипи и брзата помош веднаш реагирале. Двете жени биле пренесени во Ургентен клинички центар во критична состојба, интубирани и ставени на вентилатор. Поради сериозноста на повредите, Мирадија Гаши починала, а Ардита Гаши им подлегнала на повредите кратко по нејзината братучетка.

Обвинителството случајот го преквалификувало како тешко убиство и неовластено поседување оружје, а телата се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина.

Жителите на селото Мајац се во шок, додека полициските сили остануваат на местото на настанот за собирање дополнителни докази и расветлување на мотивот за овој трагичен инцидент.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo