Вечерта во популарната белградска населба Врачар, маж на возраст од 31 година, идентификуван како А. С., влетал во ресторан носејќи мачета, предизвикувајќи вистинска паника кај гостите и минувачите.
Брзата интервенција на полицијата и смиреноста на присутните спречиле било какви повреди, а осомничениот веднаш бил уапсен. При претресот, покрај мачетата, кај него била пронајдена и палка, која му била одземена.
Осомничениот е спроведен во полициската станица, а надлежното обвинителство ќе ја утврди понатамошната правна квалификација и евентуални мерки за притвор.
Мотивот за инцидентот сè уште не е познат, а истрагата е во тек. Полицијата апелира до граѓаните да не се обидуваат сами да совладаат вооружени лица, туку веднаш да побараат засолниште и да се јават на 192.


















