На 23.03.2026 околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода шест лица поради организирање борба на кучиња на подрачјето на Куманово.
Меѓу приведените се: С.Р.(34), А.М.(31), А.М.(27) и Ј.К.(38) од тетовско, С.А.(40) од село Черкезе, и Н.М.(62) од Гостивар.
Лицата биле приведени во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.


















