ПРВ.мк
Балкан

Градоначалник уапсен на граница - ова се деталите!

Градоначалник уапсен на граница - ова се деталите!
Kristal

Од Движењето „Сигурна Српска“ објавија дека нивниот претседател и градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на хрватскиот граничен премин по враќањето од Будимпешта. Според информации од движењето, Станивуковиќ не дозволил да биде приведен, претресен или да му бидат одземени личните работи.

Станивуковиќ на својата Фејсбук страница кратко по полноќ напиша дека не им дозволил да го притворат по 14-ти пат и дека се работи за прашање на достоинство и почит кон Србите. Тој истакна дека ова не е првпат да се соочи со вакви процедури на границата и дека цели два месеци се повторуваат слични инциденти.

„Во оваа борба, јас останувам смирен, достоинствен и исправен. А вистината секогаш ќе си го најде патот“, додаде Станивуковиќ.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo