ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајден маж повреден со нож во сопствениот дом!

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајден маж повреден со нож во сопствениот дом!

Итно пренесен на Клиники по повреда со нож

Четириесет и шестгодишен скопјанец бил итно пренесен во болница откако вчера попладне бил пронајден со убодна рана во својот дом во општина Аеродром.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 14:00 часот од страна на Итната медицинска помош, по што полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.

Повредениот тврди дека се повредил при пад

Поради сериозноста на повредата, Д.Б. (46) од Скопје бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Според првичните информации и изјавата дадена пред полицијата, повредениот рекол дека сам се повредил додека работел во кујната, кога паднал врз нож.

Обвинителството е известено, истрагата продолжува

За случајот бил известен дежурен јавен обвинител, а полицијата презема дополнителни мерки за утврдување на сите околности и целосно расчистување на настанот.

Најнови вести