ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во домот на познат фудбалер: Петмина вооружени разбојници упаднале додека вечерал со сопругата и децата

Хорор во домот на познат фудбалер: Петмина вооружени разбојници упаднале додека вечерал со сопругата и децата

Поранешниот голман на Севиља и Пари Сен Жермен, Серхио Рико, преживеал вистинска драма откако петмина вооружени и маскирани разбојници упаднале во неговиот дом во близина на Севиља.

Според шпанските медиуми, инцидентот се случил во понеделникот вечерта, околу 22 часот, додека фудбалерот вечерал со сопругата, двете деца, својата тешта и домашната помошничка.

Разбојниците биле вооружени со пиштоли, а за време на грабежот употребиле и насилство.

Алармниот систем во куќата бил исклучен бидејќи семејството престојувало дома.

По нападот, семејството поднело пријава во полицијата, која го истражува случајот. Засега не се објавени информации за украдените предмети, ниту дали некој од присутните бил повреден.

Ова е втор познат случај на провала во дом на фудбалер во областа на Севиља во краток период. Претходно бил ограбен и домот на фудбалерот на Бетис, Антони.

За Серхио Рико ова е уште едно тешко животно искушение.

Во 2023 година, тој доживеа сериозна несреќа со коњ во Андалузија, при што заработи тешки повреди на главата и вратот.

Неколку недели помина во кома, а лекарите се бореа за неговиот живот. За време на закрепнувањето изгуби повеќе од 20 килограми.

Рико во својата кариера трипати ја освои Лигата на Европа со Севиља, а настапуваше и за Фулам, ПСЖ и шпанската репрезентација.

За среќа, засега нема потврда за повредени членови на семејството при вооружениот грабеж.