ПРВ.мк
Црна Хроника

Срцепарателна вест: Згасна животот на талентираната кошаркарка, имаше само 17 години

Срцепарателна вест: Згасна животот на талентираната кошаркарка, имаше само 17 години

Италијанската спортска јавност е во тага по веста за прераната смрт на Ана Мелано, една од најперспективните млади кошаркарки во земјата, која почина на само 17-годишна возраст.

Младата спортистка, која своите први кошаркарски чекори ги направила во клубот Баскет Венарија, настапувала и за младинските репрезентативни селекции на Италија.

Ана ја загубила битката со тешка, неизлечива болест, поради која претходно била принудена да ја прекине својата спортска кариера.

Тажната вест ја потврди Италијанската кошаркарска федерација, која преку емотивна порака се прости од младата кошаркарка.

„Ана Мелано почина на 17-годишна возраст. Ја однесе сурова болест против која се бореше со истата решителност што секогаш ја покажуваше на кошаркарскиот терен“, соопшти Федерацијата.

Претседателот на Италијанската кошаркарска федерација, Џовани Петручи, упати искрено сочувство до нејзините родители, Данило и Марта, како и до клубот Баскет Венарија.

„Ана остава ненадоместлива празнина во срцата на своите соиграчки, тренери и навивачи. До нејзиното семејство испраќаме топла прегратка од целата италијанска кошаркарска заедница“, порача Петручи.

Прераното заминување на младата репрезентативка длабоко ја потресе италијанската спортска јавност.

На само 17 години згасна еден млад живот и една голема спортска надеж, оставајќи неизмерна тага кај семејството, пријателите и сите што ја познавале.