ПРВ.мк
Црна Хроника

Ова беа Ангелина (1) и нејзината мајка Ина. Русите вчера ги убија во парк

Ова беа Ангелина (1) и нејзината мајка Ина. Русите вчера ги убија во парк

Едногодишната Ангелина и нејзината мајка Ина Мариухна се меѓу жртвите на рускиот напад со дрон врз парк во местото Нова Водолага, во украинската Харковска област, на 19 октомври.

Малата Ангелина, родена во август 2025 година, се наоѓала во детска количка кога беспилотно летало погодило цивили собрани во близина на локално кафуле.

Девојчето загинало на самото место, додека нејзината мајка Ина, која работела како наставничка во основно училиште, била тешко повредена.

И покрај напорите на лекарите, мајката починала во болница, набргу по својата ќерка.

Во нападот загинале вкупно шест цивили, меѓу кои и уште едно 11-годишно девојче. Според најновите информации пренесени од украинските служби, повредени се најмалку 15 лица, од кои седум деца.

Особено потресни се фотографиите од местото на трагедијата, на кои се гледа уништена детска количка меѓу есенските лисја.

На други фотографии, направени пред трагедијата, Ина насмеана ја држи малата Ангелина во прегратка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на чисто варварство“.

„Ова се ужасни фотографии, но зад нив стојат уништени животи и вистината за оваа војна“, порача Зеленски.

Тој повторно побара итна противвоздушна одбрана за Украина и продолжување на меѓународните санкции против Русија.