Работници кои денеска коселе трева во близина на Мостот на Ада наишле на распаднето тело во тревата.
Според првичните информации, телото е пронајдено во поодмината фаза на распаѓање, поради што засега не е можно да се утврди ниту полот на починатото лице.
„Тие за време на косењето почувствувале непријатна миризба. Следејќи од каде доаѓа, во тревата пронашле тело“, рекол извор близок до истрагата.
За случајот веднаш биле известени полицијата и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое наложило телото да се испрати на Институтот за судска медицина на обдукција, а на местото на пронаоѓањето бил извршен увид.
Засега не е познато колку долго телото се наоѓало на таа локација на Ада Циганлија, ниту под кои околности настапила смртта. Повеќе детали ќе бидат познати по идентификацијата и обдукцијата, која треба да го утврди точниот причинител за смртта.
Истрагата, која треба да ги расветли сите околности на овој случај, е во тек.









