ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР НА ФЛОРИДА: Смртоносен напад на алигатор, уште две лица тешко повредени за неколку дена!

ХОРОР НА ФЛОРИДА: Смртоносен напад на алигатор, уште две лица тешко повредени за неколку дена!

Флорида повторно е потресена од серија напади на алигатори, при што една жена го загуби животот, а уште две лица беа повредени во одделни инциденти што се случиле во изминатите неколку дена, соопштија надлежните служби за заштита на дивиот свет.

Првиот напад бил регистриран на 21 јуни во реката Рејнбоу, во округот Марион, кога голем алигатор нападнал нуркач и го каснал. По инцидентот, реката привремено била затворена за посетители додека службите не ја пронашле и обезбедиле областа.

Неколку дена подоцна, во истиот округ се случил уште еден напад. Малолетник кој ловел риба од брегот бил каснат за раката од алигатор. Повреденото момче веднаш било пренесено во болница, а надлежните подоцна го пронашле и го отстраниле рептилот, кој бил долг околу 2,4 метри.

Најтрагичниот случај се случил во округот Семинол, каде возрасна жена била нападната додека пливала во реката Еконлокхачи. Таа се здобила со тешки повреди и итно била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

По смртоносниот напад, властите започнале интензивна потрага по алигаторот за кој се сомневаат дека ја нападнал жената. Во акцијата се вклучени специјализирани тимови за фаќање на опасни рептили.

Експертите објаснуваат дека во овој период од годината алигаторите се поактивни бидејќи сезоната на парење, која трае од април до јуни, го менува нивното однесување. Тогаш тие почесто ги напуштаат своите природни живеалишта, стануваат потериторијални и може почесто да дојдат во контакт со луѓето, особено во близина на реки, езера и мочуришта. Иако нападите врз луѓе остануваат ретки, надлежните постојано апелираат посетителите да бидат внимателни и да ги следат безбедносните препораки при престој во подрачја каде што живеат алигатори.

Најнови вести