ПРВ.мк
Црна Хроника

Херојството на Ице Андонов – се жртвуваше за другите, но не можеше да се спаси себеси!

Херојството на Ице Андонов – се жртвуваше за другите, но не можеше да се спаси себеси!
Kristal

Ице Андонов, роден во 2003 година, е едно од 63-те лица кои трагично ги загубија животите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Неговата приказна е исполнета со храброст и пожртвуваност, а денес ја раскажуваат неговото семејство, пријателите и блиските.

Според неговата сестра Јована Андонова, Ице бил човек со огромно срце, секогаш подготвен да помогне на другите, без разлика дали тоа го заслужуваат или не. Тој имал само 21 година и, покрај работата во холандска конфекција, дополнително работел како келнер во дискотеката „Пулс“.

На кобната вечер, Ице, кој бил надвор на цигара, ја видел паниката и хаосот и без размислување се вратил во запалената дискотека за да му помогне на својот другар. Обидувајќи се да ја отвори заклучената втора врата на објектот за да им овозможи излез на луѓето, тој загинал, а неговото тело било пронајдено во близина на таа врата.

Животот го натера рано да порасне – уште на 18 години, по трагичната смрт на татко му и повредата на мајка му во сообраќајна несреќа, Ице почнал да работи за да го помогне семејството.

Пријателите го паметат како ведар и добар човек, а неговата страст кон автомобилите останува трајна. Автомобилот што го подготвувал за мотособир по неговата смрт освоил награда, симболизирајќи ја вечната почит кон неговата младост, храброст и несебична жртва.

Ице Андонов останува симбол на храброст и пожртвуваност, чие сеќавање ќе продолжи да живее во срцата на неговите најблиски и целата македонска јавност.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape