ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во велешко кафуле: Шест лица приведени по масовна тепачка

Драма во велешко кафуле: Шест лица приведени по масовна тепачка

Шест лица биле лишени од слобода по жестока тепачка што се случила доцна синоќа во угостителски објект во Велес, откако вербална расправија прераснала во физичка пресметка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 јули во периодот меѓу 23:30 и 23:50 часот. Полициски службеници од СВР Велес ги привеле П.М. (39) од селото Смиловци, општина Чашка, како и А.Ј. (39), А.В. (39), Б.Ѓ. (39), Б.М. (38) и Д.М. (39), сите од Велес.

Очевидци тврдат дека по расправијата настанал вистински хаос во локалот. Учесниците, според нивните сведоштва, се удирале меѓусебно, а во пресметката користеле чаши, шишиња и други стаклени предмети. Во инцидентот биле искршени повеќе чаши и шишиња, додека останатите гости се обидувале да се засолнат и да го напуштат локалот.

По целосното документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.