Дали застрашувачка грешка на копилотот довела до пад на авионот со 265 жртви? Експерт од авијацијата тврди дека копилотот на летот AI171 на „Ер Индија“ повлекол рачка за крилата наместо за тркалата, предизвикувајќи трагедија, пренесува „Дејли Меил“.
Комерцијалниот пилот и јутјубер, капетан Стив, кој анализира несреќи, ја изнесе својата теорија за падот на Боинг 787 Дримлајнерот кој летал за Лондон. Авионoт изгубил висина веднаш по полетувањето и се урнал во огнена топка близу Ахмедабад, Гуџарат.
Стив верува дека копилотот направил клучна грешка – наместо да ги подигне тркалата, тој ги кренал закрилните (рачно управувани површини на крилата), што го нарушило летот и резултирало со катастрофа.
„Мислам дека пилотот му кажал 'тркала горе', а копилотот ја фатил рачката за крилата и ги кренал закрилните наместо тркалата. Ако ова е точно, тоа го објаснува зошто авионот престана да лета,“ вели Стив.