Два патнички авиона се судриле на аеродромот во Лос Анџелес додека се движеле по аеродромската површина, при што еден од авионите претрпел сериозно оштетување.
Во инцидентот биле вклучени авиони на „Делта ер лајнс“ и „Ер Канада“.
Авионот на „Ер Канада“ претходно пристигнал од Торонто и слетал на аеродромот, додека леталото на „Делта“ во тој момент таксирало.
Во авионот на „Делта“ имало вкупно 290 патници и членови на екипажот.
Еден од патниците раскажал дека нивниот авион се движел низ аеродромот кога другиот авион ненадејно се нашол на неговиот пат.
Последиците од судирот биле снимени и на камери.
На снимките може да се забележи сериозно оштетување на стабилизаторот на опашката на авионот на „Ер Канада“, кој по ударот бил речиси целосно одвоен.
По инцидентот, двата авиона биле повлечени од употреба.
Засега нема дополнителни информации за причините што довеле до судирот, ниту за тоа дали во инцидентот има повредени лица.
Видео:







