Денеска (28.02.2026) околу 15:30 часот, на локалниот пат Куманово – село Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода 64-годишниот Б.Ц. од Куманово.
При рутинска сообраќајна контрола било запрено патничко возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал осомничениот. По извршен алкотест било утврдено дека возачот управувал со 3,08 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


















