ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Заталкан куршум заврши во семеен дом - полицијата истражува!

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Заталкан куршум заврши во семеен дом - полицијата истражува!

Необичен и загрижувачки случај е пријавен во Скопје, откако жител на Долно Лисиче во својот дом пронашол заталкан куршум од огнено оружје.

Според информациите од полицискиот билтен, вчера околу 12:20 часот во СВР Скопје, 44-годишниот Н.С. од Долно Лисиче пријавил дека во својот дом пронашол зрно од огнено оружје.

По пријавата, полициски екипи излегле на местото на настанот и започнале активности за утврдување на околностите под кои куршумот завршил во домот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на заталканото зрно.