ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС: Тројца приведени по полициска акција - еве што се пронашла полицијата кај нив!

ИНЦИДЕНТ ВО ВЕЛЕС: Тројца приведени по полициска акција - еве што се пронашла полицијата кај нив!

На 23.05.2026 околу 02:20 часот, полициски службеници од Велес спровеле акција во која биле лишени од слобода две 19-годишни лица и еден 17-годишен малолетник.

Според информациите од полицијата, сè започнало при сообраќајна контрола кога било запрено возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски таблички, управувано од М.А., во кое како сопатници се наоѓале Ј.П. и малолетникот.

Во моментот на контролата, малолетникот се дал во бегство, при што фрлил пари и марихуана, кои подоцна биле пронајдени и одземени од страна на полицијата.

При дополнителен преглед на возилото била пронајдена уште одредена количина марихуана, по што двете полнолетни лица веднаш биле приведени.

Подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот, каде биле пронајдени марихуана, дигитална вага, мобилен телефон и пари, во присуство на родител.

Малолетникот подоцна бил приведен и спроведен во надлежното јавно обвинителство, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави против сите инволвирани.