Инцидент меѓу двајца вработени бил пријавен во средно училиште на подрачјето на скопската општина Гази Баба.
Според пријавеното во полиција, на 1 октомври 2026 година во 08:15 часот во СВР Скопје, 42-годишниот С.Б. од Скопје пријавил дека околу 07:40 часот бил физички нападнат во ходникот на училиштето каде што е вработен.
Како што е наведено во пријавата, нападот го извршил неговиот колега Ј.П.(50), исто така од Скопје.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







