На 28 август 2026 година, околу 01:20 часот, во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.А. (25) од Радовиш.
Полицијата постапила по пријава дека околу 01:00 часот во семејниот дом, Ј.А. физички ја нападнал својата 20-годишна сестра.
Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






