ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент со закани и насилство во Гајре - малолетник меѓу уапсените!

Инцидент со закани и насилство во Гајре - малолетник меѓу уапсените!
Kristal

На 20 февруари 2026 година во СВР Тетово, 39-годишниот З.И. од с. Гајре пријавил дека околу 20:00 часот бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице. Тие излегле од патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки и насилно го внеле пријавителот во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и го нападнале со тврд предмет.

По преземени полициски мерки, околу 21:50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полицијата ги лишила од слобода А.М. (43) и Е.М. (20) од с. Гајре, кои биле затекнати во патничкото возило „Голф“ кое претходно не запрело на даден знак за запирање.

Во с. Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Сите приведени се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед.

Се преземаат дополнителни мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo