ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент пред локал во Велес заврши со приведувања - ова се деталите

Инцидент пред локал во Велес заврши со приведувања - ова се деталите

Полициски службеници од СВР Велес на 20 мај 2026 година, околу 23:40 часот, ги лишиле од слобода С.Ч. (34), С.Т. (53), двајцата од Велес, како и С.Џ.Х. (55) од село во општина Чашка.

Акцијата следувала по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, лицата кои седеле на една маса користеле дрога.

Кога полицијата пристигнала, ги затекнала надвор од објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон службените лица. При дополнителен преглед во локалот, на масата каде што седеле биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.

За случајот бил известен јавен обвинител, а од местото биле подигнати траги и материјални докази. По целосното документирање, против С.Ч., С.Т. и С.Џ.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.