На 20.03.2026 година, во 18:40 часот, полициски службеници на Граничниот премин Јажинце го лишија од слобода С.А. (48) од с. Радуша. При редовна контрола на граничниот премин, било утврдено дека патничкото моторно возило „Тигуан“, кое го управувал, е предмет на меѓународно барање од Интерпол – Германија.
Возилото веднаш беше одземено, а по целосно документирање на случајот, против С.А. ќе следува соодветна пријава согласно законските прописи.


















