Вчера околу 14:40 часот, полицијата од СВР Скопје го лиши од слобода Н.С. од Скопје. Тој е осомничен дека на 16 јануари пред угостителски објект прво го оштетил возилото на 23-годишниот Г.Ѓ., а потоа го удрил истиот со своето возило.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















