На 18 јануари 2026 година, околу 00:50 часот, полициски службеници од Струга лишија од слобода 41-годишен жител на Вевчани. Тој бил сопрен на улицата „Владо Малески“ додека управувал патничко возило „БМВ“.
При алкотестирањето, кај возачот биле констатирани 2,37 промили алкохол во крвта. Моментално е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување моторно возило“.

















