ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се удави турист во Охридско езеро!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Се удави турист во Охридско езеро!

Трагичен настан вчера попладне ја потресе Пештани, откако турист од Грузија го загубил животот во водите на Охридското Езеро.

Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен во 14:32 часот, кога било известено дека од езерото во близина на Пештани било извлечено машко лице.

Веднаш по пријавата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Медицинските лица се обиделе да го реанимираат мажот, но и покрај укажаната помош, лекарот констатирал смрт.

Од полицијата информираат дека при првичниот преглед на телото не биле забележани видливи повреди.

По преземените активности, било утврдено дека починатиот е 46-годишниот Б.Д., државјанин на Грузија, кој престојувал во охридскиот регион како турист.

На местото бил извршен полициски увид за утврдување на околностите под кои дошло до трагичниот настан.

По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, која треба да даде дополнителни информации за причината за смртта.

Надлежните продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со трагедијата во водите на Охридското Езеро.

Најнови вести