На 6 јуни 2026 година околу 15:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Нераште и Радуша се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедист.
Во несреќата тешко бил повреден А.М. (29) од Тетово. Според информациите од полицијата, по судирот возачот го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што го напуштил местото.
Подоцна, повредениот со друго возило бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. За време на увидот, на местото пристигнал Л.М. (39) од село Нераште со возилото „Фолксваген Туран“ и сам се пријавил како учесник во сообраќајната несреќа.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






