ПРВ.мк
Црна Хроника

Фудбалер од македонски клуб загина во терористичкиот напад во Сиднеј!

Фудбалер од македонски клуб загина во терористичкиот напад во Сиднеј!
Kristal

Вчера на плажата Бонди во Сиднеј се случи терористички напад во кој загинаа 16 лица, а десетина беа повредени. Меѓу жртвите е и Ден Елкајам, фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“, што беше потврдено и од самиот клуб.

„Ден беше интегрален член на нашиот тим, екстремно талентиран и омилен меѓу соиграчите. Наша најголема тага и сочувство до неговата фамилија, пријателите и сите кои го познаваа. Ќе ни недостасува. Нека почива во мир“, стои во соопштението од клубот.

Шок и неверица владее во Австралија по страшните настани што се случија на една од најпознатите плажи во земјата.

FixCredit
Escape