ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА: Откриен идентитетот на младата девојка која го загуби животот во тешката несреќа во Албанија!

(ФОТО) ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА: Откриен идентитетот на младата девојка која го загуби животот во тешката несреќа во Албанија!

Медиумите на албански јазик во Македонија го објавија идентитетот на 26-годишната девојка од земјава која вчера трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила во Албанија.

Станува збор за Елмедина Љога од струшкото село Ливада. По објавувањето на информацијата, во јавноста беа споделени и нејзини фотографии, додека веста предизвика голема тага меѓу жителите на регионот и пошироко.

Несреќата се случила на патниот правец Поградец – Ќафасан. Според достапните информации, младата девојка била сопатничка во автомобил управуван од друга жителка на истото село. Возилото во кое се наоѓала се судрило со автомобил што го управувала албанска државјанка од Корча.

Во судирот најтешки последици претрпела 26-годишната сопатничка, која починала како резултат на повредите здобиени во несреќата.

Двете жени кои ги управувале возилата биле пренесени во болница за понатамошен третман. Според информациите од надлежните служби, нивната здравствена состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.