ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) РЕГИОНОТ ВО ТАГА: Почина познатата актерка

(ФОТО) РЕГИОНОТ ВО ТАГА: Почина познатата актерка

Српската актерка Злата Лебовиќ Јаковљевиќ почина на 84-годишна возраст, оставајќи зад себе богата уметничка трага и бројни улоги по кои публиката ќе ја памети.

Своето актерско образование го завршила во Белград, каде дипломирала глума во класата на познатиот професор Мате Милошевиќ. Во текот на кариерата настапувала на сцените на неколку значајни театри во поранешна Југославија. Била дел од Народниот театар во Ниш, потоа членувала во Српското народно позориште во Нови Сад, а подоцна настапувала и во Детскиот театар „Бошко Буха“ во Белград.

Иако нејзината професионална кариера не траела долго, успеала да остави силен впечаток кај публиката и критиката. За својата актерска изведба ја добила престижната награда „Јоаким Вујиќ“ за улогата на Катерина Ивановна во драмата „Браќа Карамазови“ од Фјодор Михајлович Достоевски. Покрај тоа, била наградена и со Стеријина награда за улогата на Ирис во драмата „Викторија“, дело на Ѓорѓе Лебовиќ.

Освен што беше посветена на актерството, Злата активно работела и на зачувување и објавување на драмските дела на својот сопруг, познатиот писател и драматург Ѓорѓе Лебовиќ.

Нејзиниот ангажман не завршил само на театарската сцена. За време на престојот во Израел, таа учествувала како наратор на хебрејски јазик во либретото за ораториумот „Распадот на Југославија во четири слики“, создаден по текст на Ѓорѓе Лебовиќ и музика на Р. Рихтман.

Со нејзиното заминување, регионот загуби уште едно значајно име од светот на театарот и уметноста.