ПРВ.мк
Црна Хроника

Филмска потера: Бегал од полиција со мотор, па завршил во река

Филмска потера: Бегал од полиција со мотор, па завршил во река

Вистинска драма се одвивала денеска во Нови Пазар, кога мотоциклист, обидувајќи се да избега од полициска контрола, завршил во коритото на реката Јошаница.

Според првичните информации, полицијата започнала потера по мотоциклистот, кој наместо да застане, продолжил да бега. Бегството завршило кога изгубил контрола над моторот и излетал во речното корито.

Во моментов нема официјални информации за неговата здравствена состојба, ниту дали има други повредени лица во инцидентот.

Надлежните служби излегле на местото на настанот, а се очекува по завршувањето на увидот да бидат соопштени повеќе детали за околностите под кои дошло до потерата и несреќата.