Брутален напад со маскирани лица кои пристигнале на квадови го потресе Нови Пазар, каде што локален привредник бил тешко повреден во насилнички инцидент што се случил средината на јуни.
Според истрагата, група маскирани напаѓачи, со кациги и палки во рацете, упаднала во улицата во близина на семејната куќа и деловниот простор на жртвата И.Д., по што следувал жесток физички напад.
Напаѓачите, како што се наведува, користеле метални шипки и тврди предмети, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Жртвата била веднаш пренесена во Клиничкиот центар во Крагујевац, каде лекарите се бореле за неговиот живот.
Инцидентот, според сведоштва и полициски информации, се случил во непосредна близина на неговиот дом и деловен објект, што дополнително ја зголемува тежината на случајот.
По нападот, полицијата започнала опсежна акција, при што биле претресени повеќе објекти поврзани со осомничените. Во тие активности била пронајдена и запленета роба од странски брендови во вредност од околу 300.000 евра, за која немало соодветна документација.
Еден од осомничените, Е.А., подоцна се предал на граничниот премин Шпиљани, по што е задржан од надлежните органи. Истрагата за целиот случај продолжува, а полицијата трага по останатите учесници во нападот.







