СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Л. (30) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите од полицијата, осомничениот бил затекнат од полициски службеници при продажба на марихуана на лице од Охрид. По документирање на настанот, двете лица биле лишени од слобода.
Против 30-годишникот е поднесена соодветна пријава, а надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.


















