ПРВ.мк
Црна Хроника

ФАТЕН НА ДЕЛО: Го наполнил возилото со мигранти, меѓу нив и деца!

ФАТЕН НА ДЕЛО: Го наполнил возилото со мигранти, меѓу нив и деца!

Четириесетгодишен државјанин на Албанија бил приведен откако полицијата во неговото возило открила осум мигранти, меѓу кои имало и две малолетни лица.

Настанот се случил вчера околу 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија–Неготино, во близина на местото познато како „Острово“. Полициските службеници запреле автомобил „Фолксваген Туран“ со албански регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот П.М.

При извршената контрола, во возилото биле затекнати осум лица кои, според нивните изјави, потекнуваат од Авганистан. Меѓу нив имало и две малолетни лица.

По откривањето на случајот, возачот бил задржан во Полициската станица во Неготино за понатамошна постапка.

Осумте мигранти, пак, биле пренесени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија.