Тешка несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на градилиште во скопската општина Гази Баба, каде што 52-годишен работник од Куманово го загубил животот додека извршувал работни задачи.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен околу 14:05 часот. Жртвата, И.И. (52) од Куманово, паднала од височина додека работела на објект во изградба.
На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но поради тешките повреди лекарите можеле само да констатираат смрт.
По несреќата, полициски екипи од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот со цел да ги утврдат сите околности под кои дошло до трагедијата.
За случајот бил известен и надлежен трудов инспектор, кој започнал проверка дали на градилиштето биле почитувани прописите за безбедност и здравје при работа, како и дали загинатиот работник користел соодветна заштитна опрема за работа на висина.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, по чие завршување ќе бидат познати причините за несреќата и евентуалната одговорност.






