ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИОЗЕН ПАД ВО ТЕТОВО: Девојка падна од станбена зграда - ова е нејзината состојба!

МИСТЕРИОЗЕН ПАД ВО ТЕТОВО: Девојка падна од станбена зграда - ова е нејзината состојба!
Kristal

Сериозен инцидент беше пријавен вчера вечерта во Тетово, кога млада девојка паднала од станбена зграда и со тешки повреди била итно пренесена на лекување во Скопје.

Според првичните информации од локалните медиуми, на местото на настанот веднаш интервенирале полициски и противпожарни екипи. Неофицијално, станува збор за девојка родена во 2006 година.

Локални извори наведуваат дека таа паднала од третиот кат на зграда во близина на џамијата Гам Гам во Тетово. По укажаната прва помош, девојката била пренесена на клиниките во Скопје, каде лекарите продолжуваат со третманот.

Според неофицијалните информации, девојката била жива и свесна по падот, но имала тешки повреди. Точните околности под кои дошло до инцидентот сè уште не се познати, а случајот е во фаза на истрага.

Надлежните служби работат на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за падот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo