На познатата плажа во Сиднеј избувнал напад, при што животот го загубиле десет лица. Според локалните власти, инцидентот предизвикал хаос меѓу туристите и локалните жители, а полицијата веднаш го опколила местото.
Еден храбар жител успеал да се справи со напаѓачот, одзеде оружје и на тој начин спасил бројни животи, спречувајќи понатамошна трагедија. Полицијата го приведе сторителот и моментално се води истрага за мотивите зад нападот.
Засега нема информации за идентитетот на загинатите, но локалните власти апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на полицијата додека траат безбедносните проверки.
















