ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ИДРИЗОВО: Затвореници го запалија сандачето на Народниот правобранител - дали е ова опомена?

ИНЦИДЕНТ ВО ИДРИЗОВО: Затвореници го запалија сандачето на Народниот правобранител - дали е ова опомена?
Kristal

При неодамнешна теренска посета на казнено-поправната установа Идризово, новинарската екипа на „Женски магазин“ доби редок увид во условите во полуотвореното одделение – сектор наменет за осудени лица со подобро поведение и олеснет режим на издржување на казната.

Иако токму овој дел од затворот важи за посмирен и со повеќе поволности за затворениците, од затворската служба беше откриен инцидент што предизвика сериозна загриженост. Според нивните информации, група затвореници, чиј идентитет засега не е утврден, намерно го запалила сандачето на Народниот правобранител.

Сандачето има клучна улога во системот за заштита на правата на осудените лица. Тоа служи за доверливо доставување поплаки, претставки и барања за правна помош и е поставено во сите затворски установи во државата како директна линија меѓу затворениците и институцијата што треба да ги штити нивните основни права.

Инцидентот, кој сè уште останува без официјално објаснување, отвора сериозни дилеми. Дали станува збор за чин на револт, тивок протест против состојбите, предупредување до институциите или, пак, обид да се спречи поднесување претставки и да се сокријат евентуални злоупотреби?

Од Канцеларијата на Народниот правобранител за „Женски магазин“ потврдуваат дека нивните тимови редовно, еднаш неделно, ги собираат претставките од сандачињата во затворите и дека постапуваат согласно законските овластувања за заштита на правата на лицата лишени од слобода.

Во разговор со Соња Трифуновска од институцијата, беше посочено дека во текот на 2024 година е забележан пораст на бројот на претставки поврзани со условите во затворите, во споредба со 2023 година. Ова се случува и покрај тврдењата на затворските управи дека прописите и стандардите се почитуваат.

Народниот правобранител признава дека постои институционална соработка со затворските власти, но истовремено укажува на долгогодишен системски проблем. Според нивните проценки, условите во затворите се подобруваат исклучително бавно, со минимални интервенции, без суштински и трајни решенија кои би донеле реална промена во третманот и животот на осудените лица.

FixCredit
Escape