ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО ПРЕГАЗИ И ИЗБЕГА! 22-годишен пешак се бори со тешки повреди

ГО ПРЕГАЗИ И ИЗБЕГА! 22-годишен пешак се бори со тешки повреди

Дваесет и двегодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во тетовското село Брвеница, откако во него удрило патничко возило чиј возач го напуштил местото на настанот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 јули, околу 08:01 часот, кога засега непознато патничко возило удрило во К.Ј. (22) од Брвеница, по што возачот избегал.

Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди.

Од СВР Тетово информираат дека е извршен увид на местото на несреќата и дека се преземаат интензивни мерки за идентификување и пронаоѓање на возачот, како и за целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.

Истрагата е во тек.