ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ГИ ВОЗНЕМИРИ ПРИЛЕПЧАНИ: Странец го запалил општинското знаме - ова е казната што ќе ја добие!

ИНЦИДЕНТ ГИ ВОЗНЕМИРИ ПРИЛЕПЧАНИ: Странец го запалил општинското знаме - ова е казната што ќе ја добие!

43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал знамето поставено пред зградата на Општина Прилеп и го запалил.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил на 11 јули околу 01:05 часот, кога полициски службеници од ОВР Прилеп интервенирале и го лишиле од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија.

Според официјалните информации, тој претходно го извадил знамето на Општина Прилеп, по што го запалил пред општинската зграда.

Полицијата соопшти дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно законските процедури.