ПРВ.мк
Црна Хроника

БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ: Евакуирани судови и јавни институции низ целата земја

БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ: Евакуирани судови и јавни институции низ целата земја

Бугарија втор ден по ред се соочува со серија закани за поставени експлозивни направи, откако јавни институции во повеќе градови добиле дојави за наводно поставени бомби.

Според бугарското Министерство за внатрешни работи, предупредувања биле испратени до институции во Бургас, Варна, Добрич, Стара Загора, Смолјан, Шумен, Плевен, Разград, Јамбол, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, Хасково, Софиска област, Крџали, Монтана, Габрово, Силистра и Трговиште.

Полицијата веднаш започнала проверки на сите посочени локации, применувајќи ги стандардните безбедносни процедури за постапување при закани со експлозивни направи.

Во Софија била евакуирана Судската палата, откако околу 10:30 часот била примена дојава за поставена бомба, по што специјализирани полициски екипи ја пребарале зградата.

Поради безбедносни причини привремено бил евакуиран и судот во Смолјан, каде што заканувачка електронска порака пристигнала до Окружниот суд и Окружното обвинителство.

Во Стара Загора институциите сместени во судската зграда ја прекинале работата за време на проверките, а сите закажани судски рочишта биле одложени и ќе бидат презакажани.

Во Благоевград полицијата не наредила евакуација на општинската зграда, туку безбедносната проверка ја спровела додека вработените продолжиле со редовните работни обврски.